Еве како НАТО го бомбардираше Белград! Пред 19 години загинаа меѓу 1200 и 2500 луѓе (ВИДЕО) (ФОТО)

0
2088
loading...

Еве како НАТО го бомбардираше Белград! Пред 19 години загинаа меѓу 1200 и 2500 луѓе (ВИДЕО) (ФОТО)

Точно на овој ден, пред 19 години НАТО започна со воздушни напади над тогашната Сојузна Република Југославија.

78 денови траеја нападите и бомбардирањето, и за тој период според официјалните податоци загинале од 1200 до 2500 луѓе.

Покрај човечките животи направена била и голема материјална штета која е проценете на повеќе десетици милијарди долари.

При нападите загинаа 1.031 припадници на Вооружените сили и полицијата, а ранети беа околу 6000 цивили, меѓу кои и 2.700 деца, како и 5.173 војници и полицајци.

loading...

Повеќемина лица се уште се водат како исчезнати.

Додека пак од другата страна, НАТО, никогаш не се произнесе за тоа колкава штета претрпела таа.

Оваа операција, насловена како „Милосрден анѓел“ започна на 24-ти март 1999 година во 19;45 часот.

Причината поради која Белград и сегашна Србија беа нападнати се преговорите  за решавање на кризата во Косово кои завршија со неуспех.

Авиони на 19 земји на Алијансата почнаа со бомбардирање од бродови стационирани во Јадранското Море и од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешки бомбардери кои полетуваа од бази во Западна Европа, а подоцна и од САД.

Во бомбардирањата се уништени и оштетени 25.000 станбени единици, 470 километри патишта и 595 километри железнички пруги.

Онеспособени беа 14 аеродроми, 19 болници, 20 здравствени центри, 18 детски градинки, 69 училишта и 176 споменици на културата, а 44 мостови беа оштетени, додека 38 дтуги беа уништени.

Во овој напад, се случи и нешто невообичаено односно за прв пат една медиумска куќа беше прогласена за легитимна воена цел.

ПА така ноќта на 23-ти април во 02:06 часот по полноќ, силите на НАТо ја нападнаа и зградата на РТС.

За време на бомбардирањата беа извршени 2.300 воздушни напади врз 995 објекти низ целата земја, а 1.150 борбени авиони лансираа близу 420.000 проектили со вкупна тежина од 22.000 тони.

НАТО лансираше и 1.300 крстосувачки проектили, беа употребени и графитни бомби, како и 37.000 „касетни бомби“ од кои загинаа 200 лица, а повеќе од стотина беа повредени. Беше користена и муниција со осиромашен ураниум.

Конечно, после големи притисоци и дипломатски разговори, бомбардирањата завршија со потпишување на Воено-техничкиот договор во Куманово на 9 јуни 1999 година а на 10 јуни, беше усвоена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, по што за три дена започна повлекувањето на југословенската армија и српската полиција од Косово и влегувањето на меѓународните воени сили.

Погледнете што се се случувало тогаш:

loading...