Евакуација на Капитол Хил поради неовластен прелет на авион

0
139


Вашингтон, 26 ноември 2019 (МИА) – Владини згради на Капитол Хил беа кратко време евакуирани денеска поради прелет на мал авион над подрачјето.

Американските медиуми објавија дека зградата на американскиот Конгрес била евакуирана и Белата куќа блокирана откако полицијата на Капитол Хил издала предупредување за закана по 8.30 часот по локално време.

Евакуацијата била од претпазливост и траела околу половина час, а американската тајна служба соопшти дека на персоналот на Белата куќа им било кажано да останат во зградата.

Властите велат дека авионот ги прекршил правилата за летање во забранет воздушен простор.

Локалните медиуми јавија дека официјалните лица не успеале да комуницираат со екипажот на авионот и дека борбени авиони биле испратени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here