Државниот завод за статистика ќе го тужи Мицкоски

0
183

Државниот завод за статистика ќе го тужи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христиjан Мицкоски за клевета. Институцијата денеска за ова информираше преку писмено соопштение во кое ја демантира изјавата на Мицкоски дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата.

Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија што работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, додека пак економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Понатаму, во однос на Пописот на население, домаќинства и станови, Државниот завод за статистика информира дека, согласно воспоставената меѓународна пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно. Во таа насока, Државниот завод за статистика ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада – се додава во соопштението.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here