Дознајте колку меморија “јаде” секое јазиче во Гугл Хром

0
104


Ако ви се чини дека јазичињата отворени во Гугл Хром буквално ви ја јадат РАМ меморијата, тогаш не грешите. Во продолжение ви го даваме одговорот на прашањето колку меморија зазема секое отворено јазиче.

Со текот на годините, прелистувачите напредуваа и сега поседуваат многу повеќе функции од порано, а корисниците од нив очекуваат врвни перформанси. Така, се чувствуваме слободни да отвораме многу нови јазичиња додека го користиме Интернетот без да помислиме на потенцијалните последици.


Меѓутоа, големиот број отворени јазичиња дополнително го зголемува користењето на ресурсите на компјутерот. Односно, секое отворено јазиче може да заземе помеѓу 100 и 250 мегабајти внатрешна меморија.

Гугл Хром користи разни процеси за своите различни компоненти и иако тоа можеби изгледа неефикасно, тие дозволуваат прелистувачот да функционира добро дури и кога некоја од овие компоненти ќе престане да работи, што е генерално подобро отколку да замрзне или да престане да работи целиот пречистувач.

Со самото тоа, прозорците ќе продолжат да голтаат меморија, но вашиот прелистувач нема да ве изневери.

Сепак, во зависност од компјутерот, бројот на јазичиња отворени во Гугл Хром може да го забави уредот. Затоа, бидете сигурни дека ги имате отворено само јазичињата кои ви се потребни.

Следно, прочитајте за овие 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачки бавен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here