Дневен хороскоп: Ракот разочаран, Рибите ќе имаат комплициран ден

0
5


ОВЕН

Работa: Тешко ви е да се организирате на работното поле. Одново ви доаѓаат некои нови компликации.

Љубов: Потребно е да го подобрите односот со партнерот за да успеете да остварите хармонична ситуација.

Здравје: Крвниот притисок ви варира.

БИК

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате можност да остварите напредување. Среќата е на ваша страна.

Љубов: Опуштете се крај саканата личност која ќе ви ги покаже чувствата.

Здравје: Умор.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Потрудете се да се посветите на решавање на работните проблеми. Немојте да избегнувате некои одговорности.

Љубов: Ако флертувате со личност која ви се допаѓа, вашиот однос може да напредува во иднина.

Здравје: Проблеми со синусите.

РАК

Работа: Нема да успеете да ги остварите своите планови и ќе бидете разочарани поради тоа. Денешниот ден е неповолен.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност може да биде отежната, затоа што двајцата сте раздразливи.

Здравје: Одморајте.

ЛАВ

Работа: Можни се бројни компликации на вашето работно поле во текот на денешниот ден. Ќе ви треба време да ги решите.

Љубов: Можно е да размислувате за прекин на врската со емотивниот партнер.

Здравје: Главоболка и стрес.

ДЕВИЦА

Работа: Сте поставиле пред себе високи цели кои не е лесно да ги остварите. Ќе ви биде потребно време да ги исполните своите амбиции.

Љубов: Тешко ви е емоциите да ги покажете отворено, и некако се повлекувате во себе.

Здравје: Несоница и вознемиреност.

ВАГА

Работа: Се потпирате на своите соработници и се надевате дека некои нови работи ќе научите од нив.

Љубов: Надевајте се на поволен ден за љубов. Вашиот однос со саканата личност се поправа.

Здравје: Внесувајте повеќе калциум.

ШКОРПИЈА

Работа: Искрено поразговарајте со надредените околу тоа што може да очекувате на ова поле.

Љубов: Можно е да настапила фаза на заладување на односите меѓу вас и саканата личност. Надевајте се на поволен период.

Здравје: Ќе ви годи диета.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да сте имале шанса да ги остварите промените кои сте ги сакале на ова поле. Ве очекува добар период за работа.

Љубов: Ви се допаѓа личност која сака само сериозна врска.

Здравје: Водете сметка околу холестеролот и мастите.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекуваат мали проблеми на ова поле. Можно е да ви се решат некои работи од минатото.

Љубов: Несигурни сте во своите чувства и не сакате да му давате на партнерот лажна надеж.

Здравје: Водете сметка за можни инфекции.

ВОДОЛИЈА

Работа: Очекувате многу од себе и се трудите да ги исполните своите желби и цели, иако тоа понекогаш не е лесно.

Љубов: Сметате дека со саканата личност може да имате стабилен и добар однос.

Здравје: Водете сметка околу бубрезите.

РИБИ

Работа: Имате доста обврски пред себе. Очекувајте дека денешниот ден ќе ви биде комплициран.

Љубов: Имате силни емоции кон партнерот кој искрено ви значи. Правите сериозни планови.

Здравје: Пад на имунитетот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here