Диви ќе го чува голот на Пролет

0
9


Искусниот голман по две и пол години се враќа во македонското првенство каде ќе застане на голот на суперлигашот Пролет.

Тимот од истоимената скопска населба денеска го комплетираше трансферот на Петар Ангелов од германскиот клун Ратинген каде популарниот Диви настапуваше од 2018. Тој потпиша договор до јуни 2021 година.

Четириесет и двегодишниот ветеран со своето искуство треба да му помогне на Пролет да се избори за разигрувањето за титулата во Суперлигата каде на полусезона е на 4-тото место со 29 бодови.

https://kajgana.com/

Ангелов е родум од Кавадарци каде и ја има почнато кариерата во локалниот Тиквеш пред да замине во битолски Пелистер каде стана легенда и го доби прекарот Диви поради неговите одбрани. Потоа замина во францускиот Трамбле од каде по 4 сезони се врати во Македонија да игра за Вардар и Металург. Следуваа ангажмани во турски Анталијаспор и австриски Кремс пред да отиде во Германија.

За македонската репрезентација има 138 настапи и беше дел од ЕУРО 2012 и 2014, како и Мундијалот 2015. Во националниот дрес има постигнато и 7 голови.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here