Дефект кај Евротунелот, доцнат возовите што поминуваат под Ламанш

0
114


Возот на релација Лондон – Париз, кој поминува низ тунелот под Ламанш, денеска доцнеше, првиот ден по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, возот не доцни поради Брегзит, туку поради интервенција за отстранување дефект.

На веб-страницата на „Евростар“ беше објавено дека денеска утринските возови кои сообраќаат под Ламанш ќе доцнат повеќе од два часа.

Компанијата соопшти дека причината за доцнењето на возовите се „продолжени инжинерски работи во Евротунелот и дефекти во приодите на тунелот“, притоа најавувајќи брза нормализација на сообраќајот.

Во нормални околности супер брзите возови од Лондон до Париз патуваат за околу 150 минути.

Доцнат и возовите на релација Лондон – Брисел.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here