Дете загина во сообраќајна несреќа попладнево на патот Куманово – Романовце

0
126


Куманово 22 декември 2019 (МИА) – Дете загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово – Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

– Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here