• Дома
  • Спорт
More

    Детали од хаосот на Делии: Вакви дивјаци немам видено во живот – одвратно беше

    Белградските Делии, навивачите на Црвена Звезда вчера во Берн направија вистински хаос додека одеа кон стадионот за дуелот со Јанг Бојс (2-2) во првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на шампионите, по што полицијата дури и со истрел вп воздух се обиде да ги запре разулавените навивачи кои претепаа еден Швајцарец.

    После хаосот што се случи, во Берн мирот се врати, ама сега излегоа и детали од хаосот кај мостот Лориан. Еден Швајцарец е тешко повреден, откако белградските навивачи го претепале, а настрадале уште и еден маж и жена. Двајца од тројцата нападнати се однесени во болница.

    „Тоа беше одвратно. Прво хулиганите претепаа еден зависник од дрога, а потоа маршираа низ нашиот кварт, па фрлаа пиво по знамето на ЛГБТ-заедницата, а не ми е јасно како може полицијата да го толетира. Како може толку навивачи, а толку малку полиција. Па повеќе од 300 метри беше колоната, а на крај – три полицајци!“, вели жител на Берн.

    Од полицијата сега објавија дека полицаец истрелал три куршуми во воздух за да ги смири разулавените навивачи, откако се случил нападот. А, после предупредувањето, навивачите се повлекле и го оставиле нападнатиот човек да лежи на земја. Полицаецот кој ги испукал куршумите, веќе го предал одужјето на вештачење и на истраќните органи кои го водат случајот.

    „Освен тој човек кој беше нападнат, нападнати се и маж и жена, па со брза помош и тие биле пренесени во болница“, вели Кристоф Гнаги, портпаролот на полицијата од Берн.

    Тројца навивачи на Ц. Звезда се приведени и тоа еден зашто имал забрана за влез во земјата, еден поради лажни билети, а трет зашто не сакал да биде проконтролиран.

    Инаку една продавачка во локален маркет патем пријавила дека навивачи си влегле како во самопослуга и го изнеле целото пиво што го имало на рафтот.

    „Десет години работам, вакви дивјаци немам видено. Ова е дно. Дојдоа како ‘мафија’, украдоа пиво, се дереа на мене и си заминаа. Сум се изнагледала навивачи, сум гледала и лоши работи, ама како ова – никогаш“, рече продавачката.

    Recent Articles

    Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

    Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија...

    Ова се новите цени на горивата

    Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за...

    Заев: Легитимно е да се бара, но сега има поважни работи од избори

    Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за...

    Обвинителството бара 12 години затвор за поранешниот албански прв полицаец

    Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка...

    Ce*c исповед на студентка од Белград

    “Се доселив во таа зграда на 19 години, кога започнав да студирам. Не помина многу, запознав неколку комшии и нешто се случи во тоалетот,...

    Related Stories

    Stay on op - Ge the daily news in your inbox