Десерт на денот: Пита со боровници и банани

0
117


Идеален десерт кој оди со утринското кафе.

Комбинирајте го топка сладолед од ванила.

Состојки:

За тесто

125 гр. путер

100 гр. шеќер во прав

Малку сол

250 гр. брашно

2 жолтки

2 лажици ладна вода или млеко

За фил

500 гр. маскарпоне

2 поголеми банани

Сок од портокал

1 лажица мед

2 лажици ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Изматете го путерот, шеќерот и солта. Додајте брашно, жолтки, вода и млеко. Замесете го тестото и оставете го во фрижидер.

Фил

Во маскарпоне измешајте ќесичка со ванилин шеќер. Исечете ги бананите на кругови, прелијте ги со сок од портокал и лажичка мед, па промештајте.

Засладете ги боровниците со 1 кесичка ванилин шеќер.

Дел од тестото (¾ од тестото) ставете ги во калап за пита.

Печете околу 10 минути во загреана рерна на 180 степени.

На тестото додајте маскарпоне, банани, а на врвот боровници.

Од остатокот на тестото направете ленти или друг посакуван облик за да го прекриете филот.

Печете 30-40 минути на 180 степени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here