Денеска облачно со повремен дожд

0
96


Скопје, 7 ноември 2019 (МИА) – Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад и на југ. Потоа следува период на променливо облачно време, со поинтензивни врнежи во недела. Ќе продолжи периодот на позитивни утрински температури.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here