Дел Понте: Ердоган треба да биде обвинет за воени злосторства

0
105


Цирих, 26 октомври 2019 (МИА) – Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, смета дека е потребна истрага против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и обвинение за воени злосторства во врска со офанзивата на неговата земја во Сирија.

Дел Понте во интервју за швајцарскиот весник Schweiz am Wochenende рече дека турската интервенција го нарушила меѓународното право и го обновила конфликтот во Сирија.

– Би требало да се отвори истрага против него и да биде обвинет за воени злосторства. Не треба да му се дозволува да се извлече без казна, оцени Дел Понте.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here