Делумно познати баражите од Лигата на нации, жрепката во петок

0
146


Со завршувањето на квалификациите се доби и ликот на баражите за пласман на Европското првентсво преку Лигата на нации. Тука спаѓа и нашата репрезентација.

Бидејќи некои репрезентации кои преку Лигата на нации имаа обезбедено бараж сепак се пласираа преку регуларните квалификации, дојде до одредени претумбации и испразнети места.

Од Лигата А сите репрезентации освен Исланд веќе се пласираа на ЕУРО, па три места ќе мора да се пополнат со репрезентации од другите лиги. Од Лига Б сите одвен четири изборија пласман, па тие четири одат во бараж. Од Лига Ц само Финска се квалификува. Затоа од оваа лига три репрезентации со жрепка ќе го пополнат баражот во Лига А. Во Лига Д немаше никакви дополнителни компликации.

Жрепката со која ќе се пополнат испразнетите места како и ќе се одредат домаќините на финалињата ќе се одржи во петок на пладне.

Бараж Лига А

Исланд – Лига Ц квалификант
Лига Ц квалификантЛига Ц квалификант

Три репрезентации од Лига Ц со жрепка ќе ги пополнат испразнетите места во Лигата А. Тоа се Бугарија, Израел*, Унгарија или Романија.

Бараж Лига Б

Босна и Херцеговина* – Северна Ирска
Словачка – Ирска

Бараж Лига Ц

Шкотска – Лига Ц квалификант
Норвешка – Србија

Противникот на Шкотска ќе биде одреден со жрепка. Ќе биде еден од Бугарија, Израел, Унгарија или Романија.

Бараж Лига Д

Грузија* – Белорусија*
Македонија* – Косово*

​*дебитант во случај на пласман

Сите полуфинални натпревари се закажани за 26 март 2020 со почеток во 20.45 часот. Се игра еден натпревар на кој домаќин е репрезентација која е напишана прва за што се изборила преку подобар пласман во Лигата на нации.

Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат финале на 31 март 2020 во 24.45 часот по што ќе бидат познати последните четици патници на Европското првенство.

Играчите кои добиле црвен картон во квалификациите и кои немаат одлежано суспензија за истиот немаат право на настап во баражот. Жолтите картони добиени во квалификациите не се пренесуваат во баражот.

Домаќинот на секое финале ќе биде одреден со жрепка.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here