Девојка ограбила 79-годишен жител на Свети Николе

0
122


Штип, 16 декември 2019 (МИА) – Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Горубинци вчера ограбила 79–годишен жител на Свети Николе. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение вели дека вчера во 16:15 часот полициски службеници од Свети Николе ја лишиле од слобода 19–годишната А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

-Таа, на 15 декември во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј. (79) на ул. „4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во една прилика кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Парите му се вратени на сопственикот, а по целосно комплетирање на случајот против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here