Во домот на Роквиќ на големо се слави. Имено, пејачот Маринко Роквиќ е роден на денешен ден и прославува 66. роденден.
Од друга страна, покрај роденденот, Маринко и неговата сопруга Славица прославуваат и годишнина од брак.
„На денешен ден е голем празник, роден е човекот од кој многу работи во животот научив…Среќен роденден добар мој татко! Денеска е годишнина од бракот на луѓето кои ми дадоа живот и љубов! Ви благодарам на се! Ве сака вашиот син“, напиша Никола Роквиќ на Инстаграм.