Дали треба да има ограничување на брзината на германскиот аутобан?

0
92


Ретко која тема може толку да ги возбуди Германците колку помислата да се ограничи брзината на возење на автопатиштата. Ова е жешка тема моментално во Германија, особено во владата.

Легендарниот аутобан во Германија постои од 1932 година кога била направена прата делница меѓу Келн и Бон. Денес, 88 години подоцна, Германија има автопатишта во должина од 12.996 километри на кои е дозволено да возите онолку брзо колку што сакате. Сепак, на сѐ повеќе делници се поставуваат знаци со ограничувања.

Германија е земја на автомобилите и многу граѓани инсистираат на тоа да можат со нивните моторни миленици – претежно од домашните гиганти како Mercedes, BMW, Volkswagen, Audi – да возат со максимална брзина, ако тоа го сакаат.

„Слободно возење за слободни граѓани“, така во 70-тите години на минатиот век гласеше слоганот на германскиот автомото клуб ADAC. И да, за многумина нема подобро чувство од тоа да „летаат“ на аутобан со брзина од 180 км/ч. Па и повеќе, ако тоа го дозволува моделот на автомобилот.

Тоа е така бидејќи на две третини од германските автопатишта нема ограничувања на брзината. Ова го има само во Германија од цела ЕУ и ретко каде на друго место низ светот.

Големата и моќна коалиција на љубители на автомобили, индустријата и лоби групите досега успешно ги блокираа сите обиди да се промени нешто по ова прашање.

Сега одново се разгорува спорот околу можното ограничување на брзината. Позадината на спорот е дебатата околу безбедноста на патиштата и заштитата на животната средина.

Празнициве се покажаа турбулентни за владејачката коалиција во Берлин. Социјалдемократите (SPD) бараат воведување на генерално ограничување на бризната, а нивните коалициони партнери, демохристијаните (CDU/CSU) ја отфрлаат таа идеја.

Новата шефица на SPD и министерката за животна средина се најгласни поборнички за ограничувањата. Нивните главни аргументи се дека ќе се намали бројот на несреќи со смртни последици и ќе се намали емисијата на штетни гасови како јаглерод диоксид за 1 до 2 милиони тони на годишно ниво.

Генералното ограничување на бризната според нив е разумно решение и потсетуваат дека за тоа говори и фактот дека го има во речиси сите земји членки на ЕУ.

CDU/CSU сака конкретно да разговара за максимално ограничување на бризната на 130 км/ч, но со тоа се коси со мислењето на министерот за сообраќај кој е од редовите на CSU. Тој на Twitter напиша дека треба „интелигентно и флексибилно да се управува со сообраќајот, што значи, без забрани. За ова доби поддршка од опозициските либерали FDP.

Ограничување на брзината не сака само SPD, туку и Зелените. Тие уште лани од Бундестагот побараа усвојување на генерално ограничување на брзината на аутобан на 130 км/ч. Тогаш предлогот го поддржа само Левица (Die Linke).

Безбедносниот аспект е особено важен, а за тоа се согласува и Синдикатот на полициски службеници (GdP) од каде исто така бараат воведување на ограничување на брзината.

„Ги сфаќам емоциите, ние сме земја на автомобили. Има многу лобирање, од тоа зависат работни места. Сите веднаш се возбудуваат околу тоа“, вели Михае Мертенс од GdP, кој додава дека секоја жртва во сообраќајот е жртва повеќе.

На германските автопатишта годишно во просек гинат околу 400 луѓе. Ако од овие статистички податоци се одземат оние на деловите со ограничувања, како и оние во кои брзината не била причина за несреќата, сепак станува збор за 80 жртви годишно.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here