Дали сексот решава расправии? | Кајгана

0
58


Секој има различен метод за справување со проблеми. Некој си заминува од просторијата, друг вреска, трет плаче. Некои партнери го игнорираат проблемот и се фрлаат на жесток секс. Некои луѓе едноставно ги лечат фрустрациите водејќи љубов, но дали сексот е вистинското решение?

Најновите истражувања велат дека жените не сметаат дека сексот е правилно решение за секоја расправија додека мажите сакаат орален секс за да се смират од нервозите.

Поголемиот дел од испитаните жени изјавиле дека повеќе сакаат да разговараат за проблемите и здраво да се изнаплачат во прегратката на својот партнер отколку да имаат секс и да заборават на проблемите без извинување од партнерот.

Подароците биле посакувани и од мажите и од жените, но мажите биле оние кои повеќе купувале подароци за да се искупат.

Мажите изјавиле дека сакаат партнерка која нема да ги вознемирува и ќе биде отворена а секси решенија при расправии, а жените барале партнер кој ќе знае емотивно да се поврзе со проблемот и трезвено да го реши.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here