Дали знаете зошто вашето куче ја навалува главата додека му зборувате? Пристигна одговорот и на ова прашање

0
93


Кучињата имаат исклучително развиен слух и способни се да регестрираат далеку повисоки фрекфенции од луѓето.

Навалањето на главата му помага подобро да слуша

Кучињата имаат исклучително развиен слух и се способни да регистрираат далеку поголем фрекфентен опсег од луѓето. Затоа, едно од објаснувањата зошто ја навалуваат главата е и тоа дека оваа навика помага надворешниот дел од увото да се постави во правилна позиција за да може да го лоцираат изворот на звукот.


Според Вајлани Сунг, експерт за однесувањето на животните, кучињата може да ја навалат главата и како одговор на одредени зборови што може да бидат значајни за нив, како што се „ужинка”, „топка”, „ајде да одиме”.

Исто е и кога на кучето му се кажува нешто што не го разбира целосно, па ја навалува главата лево или десно. Тоа може да е природен одговор на она што го слуша, а го асоцира на нешто убаво, забавно и познато, но кучето не е целосно сигурно дека зборувате токму за тоа.

Овој екпрет уште тврди и дека кучето се обидува да разбере што зборувате, што значи дека можеби се обидува да ги чуе зборовите што ги разбира или се значајни за него. Кучињата знаат да ја навалат главата и кога се среќаваат со невообичаени или нови звуци, затоа што се љубопитни суштества.

Ја наведнуваат главата и кога слушаат збор кој звучи слично на друг збор што го знаат, но двата збора звучат речиси исто, па тоа ги збунува.

Тоа му помага и да гледа подобро

Д-р Стенли Корен за списанието „Psychology Today“ изјавила дека кучињата може да ги навалуваат главите и за подобро да ве слушнат. Таа вели дека кучешката муцка се наоѓа во рамки на нивното видно поле, како носот кај луѓето. Затоа, кучето може да ја навали главата за да ја сврти муцката и подобро да го види она што го интересира.

Психологот нагласува дека од таа позија кучето подобро ја гледа устата на човекот, посебно кога тој му зборува.

Можеби сакате да знаете и зошто мачките толку многу сакаат кутии?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here