Дали вашата лозинка треба да содржи празни места?

0
116


Хакирањето е резултат на постапка при која хакерите се обидуваат да ја погодат вашата лозинка врз основа на информациите што ги извлекле од пораките, од профилите на корисниците и од другите јавно достапни информации. Тие најчесто се успешни во ова, главно поради човечка грешка што може многу лесно да се спречи.

Хакерите се сè повешти во следењето и во разменувањето на украдените лозинки поради што превенцијата е поважна од кога и да било порано. Еве неколку совети како да им ја отежнeте работата.


Лозинката што се состои од само еден збор не е доволна. Треба да смислите израз составен од неколку зборови и карактери вклучувајќи и празни места. Колку подолго и посложено, толку подобро. Вашата лозинка треба да се состои од најмалку четири збора, а одлично би било ако содржи пет.

Фејсбук, Гугл и другите поголеми интернет-сервиси без проблем ги прифаќаат празните места во лозинката.

Подобро е да користите изрази отколку зборови затоа што така им е потешко на хакерите да ги погодат. Исто така, и вам ќе ви биде полесно да запомнете еден израз отколку серија случајни букви, броеви и знаци.

Но, дури и ако користите изрази, важно е редовно да ги менувате и да не ги користите истите лозинки на различни профили и сметки.

Погледнете како да ги заштитите и блутут уредите затоа што можат да бидат хакирани и од голема далечина.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here