Гонзалес го издвои сегментот од играта со кој ги изненадил ракометарите на Кил, но испрати и едно предупредување

0
509
loading...

Вардар успеа да оствари голема и драгоцена победа на гостувањето во Германија кај Кил со 28:29, резултат кој му овозможува на европскиот шампион да го започне со позитива четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите кој наредната недела се игра во Скопје.

Хорхе Македа со гол во завршницата донесе нова голема радост кај нашите ракометари и стручниот штаб, а  наспроти цела еуфорија која настана по важната победа остварена на гостински терен, тренерот Раул Гозналес одлучи да ги смири страстите на прес-конференцијата и да порача дека Кил има капацитет и знаење да оствари победа во Скопје како што Вардар тоа го направи вчера.

– Многу сме среќни поради оваа победа бидејќи сите знаеме колку е тешко да се игра тука. Кил има добар тренер и добри играчи, но важно беше тоа што започнавме добро. Одбраната во првото полувреме ни беше речиси перфектна, а со контра нападите го изненадивме противникот и тоа многу ни помогна. Во вториот дел имавме и малку среќа. Но, сакам да порачам дека ова е само прво полувреме, Кил има квалитет да победи на вториот меч, – порачува Гонзалес.

loading...