• Дома
  • Спорт
More

    Голманот на Исланд: Ушите ми зујат од пеколната атмосфера во Скопје!

    Младиот Виктор Гисли Халгримсон беше вистинско освежување меѓу стативите на Исланд и беше еден од јунаците на „рибарите“ на натпреварот во Скопје кој заврши без победник (24-24).

    • Драматичната последна минута на натпреварот Македонија – Исланд:

    Кога беше најпотребно тој бранеше одлично, заврши со вкупно десет интервенции, а по натпреварот истакна дека неговиот национален тим е задоволен со ремито, затоа што на натпреварот тие можеле да доживеат и пораз. Истовремено, Халгримсон ја пофали и публиката, за која истакна дека била фантастична.

    „Игравме добро, но и Македонија играше добро. Ние направивме разлика, но Македонија потоа се врати со лесни голови и фати приклучок. Дуелот се реши пак во неизвесна завршница. Сакавме да победиме затоа што загубивме дома, но како и да е, ремито задоволува, затоа што подобро е да ремизираш отколку да загубиш. Игравме во одлична атмосфера, публиката беше фантастична, ушите се уште ми зујат од гласната публика! Очекував да имам добро издание, кога се игра за репрезентацијата секогаш се дава максимумот и се влегува со големи очекувања“, изјави Халгримсон.

    Исланѓаните по ремито во Скопје остануваат на второто место на табелата, а до крајот на квалификациите за ЕП 2020 ќе се борат за освојување на првото место со нашиот национален тим. Во јунскиот прозорец, Исланд ќе гостува кај Грција, додека Македонија кај Турција.

    Recent Articles

    Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

    Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија...

    Ова се новите цени на горивата

    Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за...

    Заев: Легитимно е да се бара, но сега има поважни работи од избори

    Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за...

    Обвинителството бара 12 години затвор за поранешниот албански прв полицаец

    Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка...

    Ce*c исповед на студентка од Белград

    “Се доселив во таа зграда на 19 години, кога започнав да студирам. Не помина многу, запознав неколку комшии и нешто се случи во тоалетот,...

    Related Stories

    Stay on op - Ge the daily news in your inbox