Голем пропуст на Model 3 на Tesla – се откачи волан во текот на возењето

0
82


Продолжуваат проблемите со контрола на квалитетот на Model 3.

Откако Tesla го започна масовното производство на електрични автомобили, пристигнуваат низа критики за завршната обработка на автомобилите кои се испорачани до купувачите.

Најмногу критики имаат за Model 3 и тоа за лошо вклопени панели на каросеријата, за неквалитетна фарба, гребнатини на надворешноста.

Најновиот инцидент се случи во Велика Британија кога во текот на возењето се откачи воланот на автомобилот.

Овој пропуст скапо ќе ги чини менаџерите бидејќи е загрозено здравјето и безбедноста на патниците.

За среќа, воланот испаднал во моментот кога возачот свртел во рикверц на влезот пред неговата куќа.

Можело да биде многу полошо бидејќи сопственикот на Model 3 претходно поминал триесетина километри со неговиот автомобил.

Како што пренесува NY Post од компанијата Tesla признале дека воланот не бил правилно наместен и дека ќе спроведат истрага за да откријат како дошло до овој инцидент.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here