„Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на COVID-19

0
129


Фабриката „Гентерм“ во индустриската зона во Прилеп од денеска се затвора за да биде извршена дезинфекција откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на COVID-19, соопштија од компанијата.

– Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за COVID-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена, информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените.

Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со новиот коронавирус. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here