Гевгеличани се надеваат на повторно отворање на ГП Гевгелија-Идомени

0
3
Гевгеличани се надеваат на повторно отворање на ГП Гевгелија-Идомени
loading...

[ad_1]

По затоплувањето на политичките односи меѓу Македонија и Грција со потпишувањето на Преспанскиот договор, во Гевгелија повторно се актуелизира прашањето за отворање на некогашниот граничен премин Гевгелија-Идомени.

Градоначалникот Сашо Поцков е оптимист дека овој граничен премин, кој постоел на местото на граничниот камен 59, познат од времето на бегалската криза и преку кој граѓаните од двете земји само со лична карта минувале од едната на другата страна, би можел во блиска иднина повторно да биде отворен.

loading...

Предуслови за отворање на граничниот премин, штој би бил од втора категорија,само за патнички возила,како што посочи Поцков постојат, бидејќи има изготвен план.

– Две работи се битни за остварување на планот. Едната е инфраструктурното уредување на потегот од мостот на Сува река до каменот 59, а втората е политичката волја која сега мислам дека ќе ја има и од грчка страна,истакна Поцков.

Тој не гледа друга причина за отворање на граничниот премин кој, според него, би донел бенефит за граѓаните на двете земји, би го растоварил најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во летниот период и би го олеснил протокот на граѓани и бизнисмени од двете земји.

 



[ad_2]

Source link

loading...