Гаф во гости: Хари Мегваер заборави дека е капитен против Партизан

0
132


Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, направи банален гаф пред почетокот на натпреварот меѓу неговиот Манчестер Јунајтед и Партизан што моментално се игра во Белград – заборави дека е капитен на клубот од „Олд Трафорд“.

Бизарната ситуација се случи непосредно пред почетокот на натпреварот кога Мегваер наместо кај судиите отиде со соиграчите, па мораше да му довикуваат за да дојде за фрлањето паричка за прва топка.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како голманот на Партизан Владимир Стојковиќ стои сам пред судиите, а потоа се појавува и збунетиот Хари.

Како оправдување за гафот на Мегваер може да се земе фактот дека прват ја носи капитенската лента како играч на Манчестер Јунајтед, што е секако голема чест и доказ дека „црвените ѓаволи“ не погрешија што за него платија 88 милиони евра и го направија најскапиот дефанзивец на светот.

Во моментов се игра второто полувреме, а резултатот е 0:1 за Јунајтед. Голот го даде Марсијал во првото полувреме, од пенал.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here