Гатузо го пофали Елмас за играта против Лацио

0
103


Наполи го исфрли Лацио од италијанскиот куп, а нашиот фудбалер одигра 23 минути за кои успеа го импресионира тренерот Гатузо.

Синоќа на „Сан Паоло“ Наполи го пречека Лацио во четвртфиналето од Копа Италија и го совалада со минимални 1:0 со гол постигнат уште во 2-рата минута преку Лоренцо Инсиње.

Откако Џенаро Гатузо седна на клупата на „Партенопеите“, нашпиот Елиф Елмас добива многу малку шанси за играње. Или седи на клупата за резерви, или влегува при крај. Одигра 90 минути само на претходниот куп натпревар со Перуџа.

Синоќа влезе во игра во 67-мата минута на местото на Хосе Каљехон, а тренерот Гатузо имаше пофални зборови за неговиот краток настап.

„Елмас имаше навистина одличен натпревар. Тој игра на средината, но исто така одигра одлично латерално. Би сакал да му честитам за неговиот настап. Неговото влегување во игра ни донесе освежување кога не ни одеше баш добро“, рече Гатузо.

https://kajgana.com/

Се надеваме дека во иднина Елмас ќе добива повеќе минути на теренот, како што беше случај под водство на Карло Анчелоти.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here