Гатузо би се вратил во Милан, но под еден услов

0
129


Милан има интересен фаворит за нов тренер во случај актуелниот ментор Марко Џампаоло да биде отпуштен.

Според Corriere dello Sport се работи за Џенаро Гатузо, кој ги водеше „росонерите“ пред Џампаоло.

Враќањето на легендата во Милан би можело да биде попречено од уште еден поранешен клупски играч со тој статус.

Се работи за техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини. Според весникот, Гатузо се согласи да се врати во клубот, но само доколку Малдини ја напушти функцијата.

Гатузо ги предводеше „росонерите“ од ноември 2017 до мај 2019 година, по што поднесе оставка. Сепак, Џампаоло денес изјави дека нема намера да си даде оставка и покрај трагичните резултати на тимот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here