Габигол е најдобар фудбалер на Јужна Америка за 2019 година

0
119


Голгетерот на Фламенгу е добитник на 34-тото доделување на оваа престижна награда во изборот на El Paìs.

Бразилецот Габриел Барбоза, или попознат по прекарот Габигол, е освојувач на наградата за најдобар играч на јужноамериканскиот континет за изминатава 2019 година.

Тој беше еден од најзаслужните што Фламенгу во 2019 триумфираше во Кариока шампионатот, бразилската Серија А и најважното, во Копа Либертадорес.

Габигол во 2019 година постигна 25 голови во домашното првенство и 9 во Либертадорес меѓу кои и двата решавачки во финалето против Ривер Плејт.

Во изборот на El Paìs зад него завршија двајца негови соиграчи од Фламенгу: Бруни Енрики и Џорџан Де Араскаета.

На Габриел денеска му завршува позајмицата во Фламенгу и според договорот тој сега е повторно играч на Интер. Но, не се знае дали Антонио Конте сака да го проба во тимот или веднаш ќе му бараат нов клуб. Можно е повторно да се врати во Фламенгу.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here