Врз сексуалното либидо кај жените може да влијаат овие состојби

0
116


Професорката по гинекологија на Медицинскиот факултет во Фајнберг, Америка, Лорен Стрејчер вели дека скоро секоја болест може да биде придружена со замор, вознемиреност, болка или несоница, а сето тоа може да го наруши здравиот сексуален живот.

Според неа сè што ги менува хормоните, како што е хипотироидизам, дијабетес или менопауза, може да биде проблематично за редовниот секс. Хормоните и невротрансмитерите треба да дојдат до вистинските места во телото, но здравствените проблеми што влијаат на протокот на крв може да влијаат и на возбудувањето и оргазамот, а некои лекови може да создадат поголеми сексуални проблеми и од самата болест – предупредува д-р Стрејчер, исто така, наведувајќи ги и медицинските состојби кои најчесто го саботираат сексуалниот живот. А, тоа се:


Срцеви заболувања

Срцевите заболувања се убиецот број еден на припадничките од женски род, а исто така тие ја уништуваат и сексуалната функција кај нив. Но, немојте да се грижите, сексот не може да придонесе за доживување срцев удар – редовниот сексот со вашиот партнер само малку го зголемува пулсот на срцето.

Депресија и антидепресиви

Депресијата и лековите што се користат за нејзино лекување може да влијаат врз либидото и возбудувањето, а губењето на либидото може да биде првиот знак на болест. Жените со биполарно нарушување, шизофренија или психоза, исто така, честопати имаат проблеми кои може да бидат директно поврзани со земањето вакви лекови.

Мултиплекс склероза

Се работи за хронично заболување кое ја оштетува заштитната обвивка околу нервите и овие оштетувања може да предизвикаат сензорни проблеми, меѓу другите последици. Во една студија, 62% од жените со оваа болест пријавиле губење на гениталните сензации, а 32% од нив пријавиле губење на можноста за постигнување оргазам.

Дијабетес

Дијабетесот може да го оштети циркулаторниот и нервниот систем, што кај жените кои имаат вакво заболување го намалува либидото и возбудувањето, ја зголемува болката за време на сексуалниот однос и го спречува оргазмот. Капиларите што се потребни за подмачкување на вагината се особено ранливи, па затоа не е чудна ниту сувоста која е честа сексуална проблематика кај дијабетичарите.

Артритис

Многу е тешко за лицето со намалена подвижност да има секс во нормалните сексуални пози. За некои жени со тежок артритис, дури и раширувањето на нозете е болно, а движењето може да биде посебен предизвик.

Како да си помогнете?

Сето ова може да ви звучи застрашувачки, но секој од овие проблеми може да се реши, па затоа посетете специјалист по упат од вашиот матичен лекар.

Можеби сакате да прочитате и 5-те најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here