Времеплов: Се сеќавате на волејот на Зидан?

0
52


Пред точно 18 години во финалето од Лигата на шампионите беше постигнат еден од најубавите голови, а автор на ремек делото беше Зинедин Зидан.

Тој 15 мај 2002 година во финалето на „Хампден Парк“ во Глазгов се сретнаа Реал Мадрид и изненадувањето Баер од Леверкузен.

Реал поведе уште во 8. минута преку Раул Гонсалес, но само пет минути подоцна израмни бразилскиот дефанзивец Лусиу.

И тогаш – магија. Се играше 45. минута и сите чекаа судијата Урс Мајер да означи полувреме. Сантјаго Солари со долга топка по левата страна го пронајде Роберто Карлос кој го претрча Золтан Шебешчен и повеќе напамет ја нафрли топката. Но, точно каде што чекаше Зизу, а тој без многу размислување со мајсторски волеј го совлада Ханс-Јерг Бут.

До крајот резултатот остана непромет, па магијата на Зидан се покажа решавачка. Реал дојде до, тогаш, својата 9-та титула.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here