Во Јапонија откриен брод со мртви луѓе од Северна Кореја

0
109


Токио, 28 декември 2019 (МИА) – Јапонската полиција денеска откри остатоци од најмалку пет лица во дрвен брод за кој се сомнева дека потекнува од Северна Кореја, соопшти крајбрежната стража.

Бродот е пронајден на островот Садо во северозападната префектура Нигата.

Пронајдени се глави на две лица и пет тела, а причината за смртта се истражува.

Полицијата засега не може да потврди дали пронајдените глави припаѓаат на некое од петте тела или им припаѓаат на други луѓе.

Дрвениот брод имал букви и бројки на корејски јазик.

Според крајбрежната стража, ова е втор пат во еден месец на брегот на островот Садо да биде пронајден дрвен брод. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here