По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ Техеран во знак на протест против САД.
Бројни демонстранти носеа фотографии со ликот на Сулејмани, а неколку од нив го палеа американското знаме, објави CNN.
Во Иран е прогласена тридневна жалост по повод смртта на Сулејмани.
Касем Сулејмани, командант на иранската елитна единица КУДС, беше убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.