Во сообраќајка кај кочанско Зрновце загина 23-годишно момче

0
103


Скопје, 28 декември 2019 (МИА) –  Во сообраќајка што се случи ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, почина 23-годишно момче, а негов врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 01:30 часот на регионалниот пат Кочани –  село Зрновци, на влезот во село Зрновци, кочанско, К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот.

На местото на настанот починал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош .

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here