Во Сирија е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади

0
114


Багдад, 27 октомври 2019 (МИА) – Во американска воена операција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат сите светски агенции.

Неименуван американски претставник за домашните медиуми изјави дека ал-Багдади синоќа бил цел на напад на нивните сили во Идлиб и дека се очекува потврда дека тој навистина е убиен во акцијата на американските специјалци.

Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа на Twitter напиша „Нешто големо штотуку се случи”.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, изјави дека Трамп во текот на денот ќе се огласи за овој настан.

Ирак, од друга страна, веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ал-Багдади е убиен, во нападот на американските специјални единици врз ќелија на групата, пренесоа британските меидуми.

http://kajgana.com/

„Нашите извори од Сирија на разузнавачите им потврдија дека тој е убиен, заедно со неговиот личен телохранител, откако  неговото скривалиште во Идлиб било откриено додека се обидувал да го извади своето семејство од регионот и да ги одведе кон турската граница”, изјавил ирачкиот извор од Сирија.

ДПА јави дека ал-Багдади бил нападнат во рација во северо-западна Сирија, а ЦИА помогнала во неговото лоцирање. Newsweek, исто така, објави за рацијата, додавајќи дека неа Трамп ја одобрил уште пред една недела.

Официјален претставник на американската армија изјави дека Министерството за одбрана има „голема верба” дека „вредната цел” е убиена во рацијата во северно-западната провинција Идлиб, иако очекува дополнителна верификација. Засега нема официјална потврда за смртта на водачот на ИД. Конечната потврда се чека по спроведените ДНК и биометриски тестирања, изјавија извори за CNN.

Рацијата ја изведоа командоси од специјалните сили.

Ирачката државна телевизија соопшти дека ќе емитува снимка од американскиот напад во Сирија во кој е убиен Абу Бакр ал-Багдади.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here