Во Помпеја откопана античка римска кочија

0
14


Интересно откритие направија италијанските археолози работејќи во познатиот антички град Помпеја кого го уништила вулканска ерупција.

Во 79 година Помпеја доживеала катастрофа од невидени размери кога еруптирал вулканот Везув и го затрупал градот со жешка лава и големо количество пепел.

1942 години подоцна, археолозите и натаму откопуваат интересни работи од овој град кој поради начинот на кој бил уништен нуди одлични услови за поглед во минатото.

Деновиве, италијански тим на археолози откри кочија направена од железо, бронза и калај. Кочијата сѐ уште не е целосно извадена, но забрзано се работи на неа.

Кочијата била пронајдена во таканречениот археолошки парк веднаш надвор од градските ѕидини. Според зборовите на археолозите, се работи за одлично сочуван предмет.

„Помпеја продолжува да нѐ изненадува со откритија и тоа ќе продолжи уште некои дваесетина години бидејќи има околу 20 хектари кои допрва треба да бидат истражени. Најмногу од сѐ, ни покажува дека ова место може да се подобри и да привлече туристи од целиот свет“, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here