Во некои текстилни фабрики работничките се држат заклучени однадвор – тврди текстилна работничка за Телма

0
266

Заклучени во една просторија додека трае работното време, без дозвола ниту за посета на тоалет. Ваква е секојдневната голгота на текстилна работничка од источна Македонија која инсистираше да биде со скриен идентитет, стравувајќи за своето работно место. Зад нејзиното сведоштво стои здружението „Гласен текстилец“ од каде што велат дека таа е само една од многуте текстилни работнички со слична судбина.

„Еден век не можат да сфатат дека колку сила и моќ да имаш – значи толку можеш да работиш. Не можеш повеќе, капацитетот на секој е различен. Сите се научиле со тоа ќе ги затвориме, ќе ги заклучиме. Верувајте дека во некои фабрики има рајбери на вратите однадвор. И само се отвараат за време на пауза. Тоа мене толку ме провоцира што јас се чувствувам како да сум во некој затвор. Ти ја ограничува физиолошката потреба,“ изјави за Телма текстилна работничка.

Работничките чекаат пауза за да отидат до тоалет, а на газдите им пречи што се должни да им ги плаќаат паузите од половина час. Често се случува тие да останат во погонот и повеќе од осум часа, но тоа не го чувствуваат на платата.  Во Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнале 1500 претставки годинава за повредени права на текстилните работнички, а исход има само по една од нив.

повеќе

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here