Во кој град живеат најмногу милијардери?

0
3


Според податоците на Forbes, Пекинг има најмногу милијардери во однос на кој било друг град во светот.

Минатата година, Пекинг доби 33 милијардери, па сега вкупно живеат 100 милијардери во овој град. Со оваа статистика, Пекинг го надмина Њујорк Сити, каде живеат 99 милијардери. Токму Њујорк Сити беше на врвот во изминатите 7 години.

За да се пробие на првото место на листата на Forbes, најзаслужни се брзиот одговор на Кина за спречување на ширењето на коронавирусот, растот на технолошки компании и берзата. Сепак, иако Пекинг има најмногу милијардери, богатството на американската елита во Њујорк е поголемо за 80 милијарди долари.

Најбогат жител на Пекинг е Жанг Јиминг, основач на апликацијата TikTok и шеф на компанијата ByteDance, чие богатство се проценува на 35,6 милијарди долари.

Најбогат човек во Њујорк Сити е поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг, со богатство од 59 милијарди долари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here