Во Европа регистрирано ниско ниво на радијација

0
1


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека во северна Европа се регистрирани покачени нивоа на радиоактивност овој месец, иако не постои ризик за здравјето на луѓето и животната средина, но причината сè уште не е позната.

Финскиот, норвешкиот и шведскиот контролор на радијација и нуклеарна безбедност минатата недела соопштија дека забележале мали количини на радиоактивни изотопи во делови од Финска, јужна Скандинавија и Арктикот.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера изјави дека „нивоата што се пријавени во МААЕ се многу ниски и не постои ризик за здравјето на луѓето и животната средина“.

Агенцијата на ОН со седиште во Виена во саботата контактираше со европските земји за да побара информации.

Русија не е на списокот на земји што се пријавиле на МААЕ до вчера.

– Очекувам дека повеќе земји членки ќе ни дадат релевантни информации и податоци и ние ќе продолжиме да ја информираме јавноста, рече Гроси.

Холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина во петокот објави дека изотопите би можеле да бидат од извор во Русија и може да укажуваат на оштетување во нуклеарната централа. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here