Во Дортмунд поради вирус забранија прегратки и „да пукне“

0
123


За да го прекинат вирусот кој го нападна тимот, управата на Борусија им забрани на играчите да се прегрнуваат и да се поздравуваат со „да пукне“.

Во Борусија има проблем и тоа поголем од лошата форма поради која на последните 8 натпревари остварија само две победи. Во соблекувалната владее вирус кој еден по еден ги напаѓа фудбалерите.

Марио Гетце се разболе и го пропушти дербито со Менхенгладбах, вирусот потоа го кутна Марко Ројс кој отпадна од дуелот со Интер, а следен беше голманот Роман Бирки кој отпадна од гостувањето кај Шалке.

Тренерот Лусјан Фавр во договор со управата им забрани на играчите при прославувањето на головите да се поздравуваат со „да пукне“ како и да се прегрнуваат. Сѐ со цел за да избегне размената на бактерии и да се елиминира вирусот. Забраната важи не само за натпреварите туку и за тренинзите каде играчите исто така често се поздравуваат.

И други играчи веќе имаат симптоми на настинка, а клупските лекари прават напори да ги отстранат за да не дојде до ситуација Фавр да се соочи со уште откажувања.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here