Во Германија потврден првиот случај на корона вирусот

0
103


Во Германија е потврден првиот случај на корона вирусот, епидемијата што избувна во Кина кон крајот на 2019 година.

Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е  заразен жител на Штарнберг, место на триесет километри од Минхен.

Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар.

Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here