Во вторник ќе се одржи осмиот фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочнифигури“

0
83
loading...

[ad_1]

Човек во Мексико Сити одбива да се откаже од трите лава што ги чува на својата тераса, пренесува Би-би-си. Федералните инспектори од мексиканската метропола велат дека лавови треба да се преместат на посоодветна локација.

Нивните рикања предизвикале загриженост во високонаселената област, пренесуваат локалните медиуми, а соседите ги изразиле своите поплаки на социјалните мрежи.

loading...

Омар Родригез вели дека ги чува лавовите затоа што сака неговите внуци одблиску да се запознаат со загрозените бели лавови, пишува весникот „Ел универзал“.

„Знам дека можеби ова не се најсоодветните услови“, изјавил Родригез за новинската агенција АФП. „Најдобите услови за еден лав се ширините на африканската савана, каде што тој ќе може слободно да трча, но знаете…“, додал тој.

Тој вели дека лавови чува веќе 20 години и има соодветна документација од федералната Агенција за животна средина.

Сепак, властите тврдат дека Мексиканецот не обезбедил ваков документ и дека животните услови не се соодветни за потребите на овие големи животни.

На Родригез му било наложено да им дозволи на инспекторите да го посетат неговиот дом во областа Колонија Астурија, инаку, во спротивно, случајот ќе биде упатен до канцеларијата на јавниот обвинител. Исто така, од него било побарано да обезбеди документација за потеклото на лавовите.



[ad_2]

Source link

loading...