Вотфорд ја прекина серијата без пораз на Солскјер

0
107


Манчестер Јунајтед загуби со 2:0 на гостувањето кај последнопласираниот Вотфорд прекинувајќи ја серијата од 6 натпревари без пораз.

После победите над Тотенхем и Манчестер Сити, најмалку се очекуваше од тимот на Оле Гунар Солскјер да потклекне кај најслабиот тим во Премиер лигата.

Откако првиот дел заврши без голови и без ниту еден удар во рамките на голот од страна на двата тима, Вотфорд поведе во 50-тата минута преку Исмаила Сар откако Давид де Хеа ја испушти топката низ раце.

Само четири минути подоцна Арон Ван-Бисака направи прекршок за фаул во казнениот простор и домаќините добија пенал кој беше реализиран од Трој Дини.

Гостите не успеаја ниту да постигнат еден гол и да ја направат завршницата интересна. За дотфорд ова е само втора победа оваа сезона откако претходно славеше на гости кај Норвич со истиот резултат.

ХАЈЛАЈТС: https://footy11.yourviduploaded.com/embed00/89SGCIhrgj

Домашниот Вотфорд и покрај победата остана закован на дното со само 12 бода и 6 помалку од безбедната зона. „Ѓаволите“ се осми со 25 бода.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here