Возете внимателно, има услови за појава на голомразица

0
106


Уште ноќва можна е појава на голомразица, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење.

Според прогнозата на УХМР, утре претпладне наместа уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/ч) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

https://kajgana.com/

Со оглед на тоа дека и ноќва ќе има силен ветер со брзина над 80 км/ч, ќе има услови за појава на голомразица на патиштата, особено на осојни места, остри кривини, мостови, подвозници, надвозници итн.

Голомразицата сериозно може да ја загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот и за таа цел препорачливо е да не се патува во раните утрински и во доцните вечерни часови.

Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за  безбедно одвивање на сообраќајот кога имаме зимски услови на патиштата. Законската обврска за користење зимска опрема трае до 15 март.

Некористењето на зимската опрема се санкционира со парична казна од 45 евра во денарска против вредност или 25 негативни поени. 

Што се подразбира под зимска опрема информирајте се ТУКА, а кои се најчестите грешки што возачите ги прават во врска со зимската опрема, прочитајте ТУКА.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here