Возачите го промашуваат новиот автопат Демир Капија-Смоквица, АМСМ со совет како да се приклучат

0
17406
loading...

Голем дел од граѓаните кои решиле викендот да го поминат во Грција, не возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица, кој пред неколку дена беше пуштен во употреба, туку возат по стриот пат. Дел од возачите велат дека решиле да возат по стариот пат бидејќи немало поставено знак за приклучување, па не знаеле каде точно да се приклучат.

Од АМСМ, пак, денеска даваат совети за употребата на новиот автопат, истакнувајќи дека е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Користењето на автопатот, во следните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.

loading...
loading...