Водителката откри како се запознале со сопругот: Огнен е мојот прв вистински партнер

0
15


Водителка Елена Стојановска – Јанковска гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, каде зборуваше и за приватниот живот и откри како се запознале со сопругот.

„Мислам дека Огнен е човекот кој што ми е пратен за да ме направи комплетно среќна. Претходно не можам да кажам дека сум била среќна во љубовта. Огнен е мојот прв вистински партнер, момче и сопруг и се’“, кажа Стојановска за „Магазин“ и откри како изгледало нивното запознавање.

„Јас не знаев дека тој работи во тогашниот музички медиум во кој што работев и јас. Го видов еднаш и мислев дека е дојден на гости. Тогаш многу се одеше на журки. Го видов на една техно забава, каде што се слушаше тешка музика. Со другарката излегов надвор и тогаш го видов. Следниот ден го видов повторно на работа, сфатив дека не доаѓа на гости туку дека работи во медиумот во кој работев. Потоа, двајцата се заминавме од медиумот, меѓутоа, на следното видување со Огнен ми стана момче“, раскажува Елена.

Елена и Огнен се долго време во брак и ја имаат ќерката Илина, за која водителката вели дека ѝ е како другарка.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here