Внимателно возење низ котлините, речните долини и клисурите поради појава на магла

0
105


Скопје, 17 ноември 2019 (МИА) – Прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони е денешната препорака на АМСМ до возачите.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Инаку сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Оваа обврска трае до 15.03.2020 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here