ВИДЕО: Прекрасна честитка – Меган и Хари посакаа среќна Нова Година

0
115


Меган и Хари објавија новогодишна честитка до сите свои следбеници на Инстаграм, на која се најде компилација од најважните моменти во 2019.

Секако, сосема очекувано, во фокусот на нивните најубави моменти е токму раѓањето на нивниот син Арчи. Во компилацијата се најде и нова фотографија од него, снимена за време на празниците во Ванкувер.

Арчи на фотографијата носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.

„Ни беше чест да се запознаеме со сите вас ширум светот и едвај чекаме да запознаеме уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020 ќе ви донесе здравје и среќа“, пишува во описот на видеото.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here