Српската дива Лепа Брена заедно со своето семејство замина на егзотично патување. Брена, Боба, Филип и Стефан, како и Александра Пријовиќ со малиот Александар се наоѓаат на Малдивите, каде ќе го поминат наредниот период.
Семејството прво беше во Дубаи, а потоа се „пресели“ на Малдиви каде максимално уживаат во преубавото време, но и во луксузот кој таму им е достапен
На Брена, како и на Александра најмногу ѝ се допаднала собата од која директно се влегува во вода, па снимиле како изгледа.