Мисицата на Белгија, Селин Ван Аутсел со титула се закитила во саботата, а многу веројатно е дека ќе остане запаметена помалку по круната, а повеќе по интересниот инцидент чиј главен актер била таа.
Убавата русокоса при движење на сцената во еден момент паднала, што можеби и не е толку ретка глетка.
Имено, на оваа 23-годишна манекенка при падот ѝ се откпчал градникот, кој потоа испаднал низ ракавот на нејзиниот фустан, а снимката набрзо станала вирална на социјалните мрежи.
Селин ова не ја обесхрабрило, таа станала и продолжила да се движи со насмевка, а дури и ја оправдала улогата на фаворитка на натпреварот и однела победа.
Oups… une candidate chute et oublie quelque chose sur scène La grande soirée Miss Belgique 2020 continue sur RTLplay https://t.co/f0bF3J5RrI #MissBelgium #MB2020 pic.twitter.com/wi6lbvO0tR
— RTLplay (@RTLplay) January 11, 2020