Вечно незадоволни од себе – три хороскопски знаци кои се премногу самокритични

0
139


Некои луѓе се по природа опуштени и не им вршат притисок на луѓето околу нив, а исто така ни себе си. Постојат и луѓе кои постојано поставуваат високи очекувања на сите и себе си, па поради тоа почесто се под стрес.

Оваа карактеристика најчесто им се припишува на три хороскопски знаци: Рак, Риби и Девица. Тие постојано се споредуваат со другите и притоа ги забележуваат само најнегативните работи кај себе. Потоа се строги кон самите себе бидејќи не ги задоволиле највисоките критериуми.

Не заборавајте дека никој не може да биде совршен во сѐ, но секој од нас е совршен на свој, уникатен начин.

РАК

Раковите може да поминат многу долго време размислувајќи за тоа што не е во ред со нив.

Имаат склоност кон пореметувања во исхраната и постојано се загрижени околу телесната тежина и изгледот.

Убедени се дека постојано имаат „некој килограм вишок“, па постојано се критикуваат себе си, избирајќи го најдеструктивниот начин да го решат „проблемот“.

Им требаат пријатели и партнери кои ќе им влеат самодоверба и ќе им даваат искрени и конструктивни комплименти.

РИБИ

Емотивни и плашливи, Рибите живеат во постојана загриженост дека нешто лошо им се случува и дека причината за тоа се самите тие.

Знаат да самосожалуваат до крајни граници, но тоа потекнува од нивната потреба постојано да осудуваат некого, вклучувајќи се себе си.

Поверојатно е дека ќе му простат на кој било друг за многу пострашна работа, отколку себе си за некоја ситница.

Пријатели и партнери кои се идеални за Рибите се луѓе кои ќе успеат да ги оттргнат од црните мисли и да им го насочат вниманието и енергијата на нешто конструктивно и забавно.

ДЕВИЦА

Кога станува збор за самокритичност, никој не може да се мери со Девиците.

Перфекционисти и пожртвувани, Девиците постојано го преземаат товарот на свој грб и притоа се критикуваат дека не направиле доволно.

Се туфкаат цела вечност пред да направат нешто за свој ќеиф, а потоа сто пати ќе се прекорат за тоа.

Не се многу амбициозни, но се вредни и ќе работат додека не ги натерате со сила да заминат од работното место.

Идеални партнери и пријатели за Девицата се луѓе кои ќе им влеат самодоверба, ќе ги пофалат за нивниот труд и ќе ги поттикнат да се забавуваат без грижа на совест.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here